Зборувај Слободно

Кажете "здраво" на различното комуникациско искуство. Неочекуван фокус на приватност, комбиниран со сите карактеристики кои ги очекувате.


"Користам Signal секој ден."

Edward Snowden
Свиркач и адвокат за приватност

"Јас му верувам на Signal поради тоа што е добро направен, но поважно од тоа е, поради тоа како е направен: со отворен код, рецнезиран од споделувачи, и целосно поддржан од грантови и донации. Освежувачки модел за тоа како критичните услуги треба да бидат направени."

Jack Dorsey
Главен извршен директор на Twitter и Square

"Signal е најприлагодливата енкрипциска алатка која ја имаме. Бесплатна и рецензирана од споделувачи. Ги охрабрувам луѓето да ја користат секој ден."

Laura Poitras
Оскаровец-режисер и новинар

"Јас сум вообичаено импресиониран од мислата и грижата како во безбедноста така и во корисноста на оваа апликација. Таа е мој прв избор за енкриптиран разговор."

Bruce Schneier
Меѓународно признат технолог за безбедност

Зошто да користите Signal?

Истражете подоле за да видите зошто Signal е едноставен, моќен и безбеден месинџер

Сподели без несигурност

Ремек-дело на од-крај-до-крај енкрипцијата (поддржано од отворениот код на Signal Протоколот) кое ги чува вашите разговори безбедни. Ние не можеме да ги читаме вашите пораки или да ги слушаме вашите разговори, а исто така не може ни никој друг. Приватноста не е опционален начин - е единствениот начин на кој Signal работи. Секоја порака, секој повик, во секое време.

Кажи нешто

Споделувајте текст, говорни пораки, слики, видеа, GIF анимации и датотеки бесплатно. Signal ги користи вашите мобилни податоци за поврзување за да избегнете СМС и ММС трошоци.

Зборувај Слободно

Правете кристално чисти говорни и видео повици со луѓе кои живеат на другата страна на градот, или на другата страна на океанот, без трошоци за роаминг.

Создадете Приватен Стикер

Додадете нов слој на изразување во вашите разговори со енкриптирани стикери. Исто така можете да создавате и споделувате ваши пакети со стикери.

Поврзете се со Групи

Групните разговори прават полесно да останате поврзани со вашето семејство, пријатели и колеги.

Без реклами. Без следачи. Без зафрканции.

Нема реклами, нема придружни рекламирачи, и нема морничаво следење во Signal. Па фокусирајте се на споделување на моментите кои ви значат со луѓе кои ви значат.

Бесплатно за секого

Signal е независна и непрофитна организација. Ние не сме поврзани со ниту една од големите технолошки компании, и не можеме да бидеме купени односно преземени од ниту една. Развојот е поддржан од грантови и донации од луѓе како вас.