Запознајте едно поразлично искуство со комуникацијата. Неочекуван фокус на приватност заедно со сите функции кои ги очекувате.
Истражете подолу за да видите зошто Signal е едноставна, моќна и безбедна алатка за комуникација
Најсовременото целосно шифрирање (овозможено од протоколот со отворен код на Signal) ја одржува безбедноста на вашите разговори. Не можеме да ги читаме вашите пораки или слушаме вашите повици, а не може ни никој друг. Приватноста не е опција — туку Signal едноставно функционира на тој начин. За секоја порака, секој повик и секојпат.
Бесплатно споделувајте текстуални и говорни пораки, слики, видеа, GIF-ови и датотеки. Signal ја користи интернет поврзаноста на вашиот телефон за да избегнете трошоци за SMS и MMS.
Имајте кристално јасни говорни и видео повици со луѓе кои живеат на другиот крај од градот или преку океанот, без трошоци за роаминг.
Додајте нов слој на изразување во вашите разговори со шифрирани налепници. Исто така можете да создавате и споделувате ваши пакети со налепници.
Групните разговори прават полесно да останате поврзани со вашето семејство, пријателите и колегите.
Нема реклами, нема придружни маркетери и нема морничаво следење во Signal. Па фокусирајте се на споделување на моментите кои ви значат со луѓето кои ви значат.
Signal е независна и непрофитна организација. Ние не сме поврзани со ниту една од големите технолошки компании и не можеме да бидеме купени односно преземени од ниту една таква компанија. Развојот е поддржан од грантови и донации од луѓе како вас.
Донирај на Signal